Најмалиот адаптер за лаптопи собра над 280.000 долари на Kickstarter

0 коментари 1 мин. читање

Запознајте се со Dart, најмалиот адаптер за лаптоп компјутери произведен од FINsix. Доколку се прашувате колкава може да биде разликата, Dart е четири пати помал и шест пати полесен од стандардните адаптери за лаптопи. Покрај својата големина адаптерот е со моќност 65W што е доволно за најголем дел од лаптопите.

Проектот успешно ги собра финансиите на Kickstarter, а привете 1000 примероци по цена од 79 долари се веќе распродадени, за 89 долари сега е достапна основната верзија. Адаптерот доаѓа и за Mac, но со оглед на цената на приклучокот за Apple адаптерите, овојпат доаѓаат за 148 долари. Интернационалната верзија на адаптерот која им е потребна на корисниците надвор од САД чини 130 долари и доаѓа со адаптер за рагионот, па корисниците освен Dart ќе го добијат и Dart PLUS. Освен лаптопот адаптерот овозможува и истовремено полнење на уште еден уред, телефон или таблет компјутер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top