Рецензија: Selfloss раскажува деликатна приказна за барање надеж во безнадежен свет

Selfloss е игра која мајсторски алудира на загуба, преповеда за откупување, а поплочува пат за безизлезно прогонство. Ретко да имаме наидено на некоја игра која толку многу кажува со толку малку. Во Selfloss ретко се зборува, а кога се зборува, секој збор е одмерен и со некаква позадина. Најголемата приказна во Selfloss доаѓа од светот кој ве опкружува, од вашето истражување, од решавањето на загатките, од пресметките со непријателите и од едноставното уживање во меланхоличната околина која е продукт на надреална мешавина од тотална депресија и истенчена надеж за подобро утре.

Депресивна надеж

Играте со старец во свет обвиткан во мистерии. Секој направен чекор, секоја средба со ликовите, секој разговор, движење, пловење или интеракција потсетува како на прв поглед преку телескоп. Преубав дизајн на мапи и музика која целосно ве потопува во мистичното графичко опкружување. Треба огромен талент за да се осмисли и реализира само дел од она што го има во Selfloss; секоја помината минута се посветува на истражување магичен и ретко виден свет кој е инспириран од исландски и словенски приказни.

Самогубење (selfloss, анг. прев) e посмртен ритуал кој е замислен да им ги излечи раните на оние кои изгубиле сакано лице

Selfloss е игра која по една механика нѐ потсетува на Alan Wake. Да не бидеме погрешно сфатени, двете игри не би можеле да се поразлични, освен во начинот на кој се справувате со мрачните сили. Понекогаш, мијазмата блокира клучни точки и мора да го искористите стапот кој го носите за да создадете магична светлина која, потоа, ја фокусирате кон заканувачкото тело. Откако ќе се насочи доволно светлина, мијазмата ќе биде разбиена и ќе можете да продолжите со истражувањето. Ова е прва игра која на малку поразличне начин и во целосно различен свет ја користи клучната механика од Алан Вејк. Ова светлина служи и за одбележување на одредени симболи кои отвораат врати, како и за разбивање поврзани чворови од мијазма кои, откако ќе бидат целосно осветлени, ќе ја разбијат блокадата со која се испреплетени.

„Вратот на старецот е жилав, а јажето не може да ја издржи ниту тежината на неговото тело, ниту длабочината на неговата тага…“

Selfloss не се плаши да експериментира и да нуди најразлични начини за истражување на светот. Па така, уште на самиот почеток, ќе наидете и на брод со кој можете да ги истражувате заканувачките водени површини. По првото краткотрајно пловење на бротчето ќе се најдете на островот каде што ве чека вашиот прв непријател – деформирана, целосно извитоперена форма на нешто што претпоставуваме дека било човек пред да биде зафатено од мијазмата. Слично на Alan Wake, непријателот го уништувате така што ја насочувате и фокусирате светлината директно кон него. Предизвикот за време на битките се појавува во моментот кога ќе бидете опкружени од неколку непријатели, во тие ситуации е потребно да направите брза проценка на кого прво да го насочите светлото, како и паметно да го избегнувате нивното приближување.

Летот на китовите

Како што напоменавме, играте со стар, изнемоштен човек кој од време на време може да трча на исклучително кратки релации. На почетокот, единственото оружје доаѓа во форма на магично светло кое, за да го има посакуваниот ефект, мора да е подолго време насочено кон само една мета. Во такви ситуации, невозможно е да не бидете удрени од непријателите, а, со тоа, и инфицирани од мијазмата, нешто што се карактеризира со црна заканувачка чад која беснее од вашето тело. Со оставање на вашиот стап, оддалечување и магично фокусирање на светлината кон вас, ќе можете да ја протерате инфекцијата и да го излечите вашето кревко тело. Од време на време, ќе бидете принудени и да поминувате преку одредени плитки базени полни со мијазма, со што подоцна ќе се бара од вас да се направи истата лековите процедура, особено при решавање загатки.

Selfloss посветува подеднакво внимание и на битките и на загатките. И двата аспекти блескаат со уникатен шарм, допринесувајќи до преубаво имерзивно искуство. Решенијата за загатките се тесно поврзани со логиката која произлегува од магичниот свет. Поради ова, по првичното запознавање со механиките – дејството на стапот и својствата на мијазмата – лесно ќе можете да заклучите како да се прескокнат бројните пречки. Но, на моменти е потребно да бидете попрецизни во одредена намера и неколку пати да пробате да ги нишаните симболите кои треба да се осветлат. Неколку пати се наоѓавме во ситуации каде пробувавме да осветлиме симбол, но не успевавме затоа што стоевме под погрешен агол.

Набргу, ќе успеете да најдете и корисна опрема, со што, играта зазема подинамична, акциона форма, каде старецот ќе можете и да се тркала за да избегнува напади, но и да користи остар срп – корисен и за спротивставување на непријателите и за отклонување одредени пречки.

Selfloss е неверојатно добар продукт на интерактивна забава. Викендов запливајте во неверојатен свет кој како топло-ладно ве задева за надеж во безнадежен свет и раскажува суптилна приказна за загува, каење и откупување. IT.mk дава на Selfloss оценка од 10! Совршено!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Goodwin Games
  • ИздаваMerge GamesMaximum Entertainment
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 5 септември 2024

Оценка

  • Вкупна оценка: 10
  • Приказна: 10
  • Гејмплеј: 10
  • Графика: 10
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk