Рецензија: NanoApostle e игра во која се борите против босови

во гејминг

NanoApostle е игра која нуди интересен спој помеѓу визуелен роман и hack and slash акција. Како резултат, имате на располагање интересна приказна поврзана со кинернетички експерименти и впечатливи борбени механики во еден ретро-инспириран дизајн на свет.

Играјќи со девојчето Анита, ќе се разбудите во лабораторија и ќе откриете дека сте поврзани со напредна ВИ која го користи вашето тело како домаќин. Благодарение на комплексните алгоритми со кои располага наномеханичкиот ентитет, ќе можете ефикасно да се браните, да избегнувате ударци, како и да напаѓате од блиску или од далеку.

Системот на борбата е дополнително проширен со дозволување да блокирате во последен момент и да изведувате деструктивни комбо движења со вашата кука. За уште поголема ефикасност, можете да вметнувате модули со различни борбени ефекти, како невидливост при лечење, засилени напади по користење на куката, и слично.

Овие модули се отклучуваат со вашето напредување низ приказната. Штом отклучите некој модул, ќе можете истиот да си го купите со искуствен поен. Овие искуствени поени, меѓутоа, се добиваат преку исполнување најразлични предизвици.

Надвор од битките, NanoApostle функционира како најнормален визуелен роман, со текст и разговори. Како големи фанови и на акциони игри и на визуелни романи, она што го пронајдовме во NanoApostle беше таман и одлично нудеше уживање ем во приказната ем во битките. Кога се работи за битките, тие се осмислени за да нудат предизвик против босови, односно запрепастувачки силни противници.

Секој од овие противници е уникатно осмислен и се одликува со најразлични офанзивни и дефанзивни способности. Поради тоа, потребно е внимателно учење на непријателските тактики, соодветно прилагодување на нив, брзи рефлекси и правилна употреба на алатките со кои располагате. Она што сакаме да кажеме е дека NanoApostle не е лесна игра.

Чисто да видите на што мислиме, ова се сите предизвици поврзани со еден од босовите. Ова е, верувале или не, првиот бос.

Во поглед на предизвикот со босовите, играта потсетува на Dark Souls и бара од вас интимно да се запознаете со деструктивната природа на секој бос, да учите од порази, да исполнувате предизвици и да експериментирате со вештини. Доколку не сте фанови на движења низ огромни мапи и справување со легија од лесни непријатели, доколку живеете за битките со босовите и ништо друго не ве подеднакво исполнува, тогаш NanoApostle е игра само за вас.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: 18Light Game Ltd.
  • ИздаваPQube
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 12 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments