ReSetna: забавна и предизвикувачка Metroidvania-инспирирана авантура

Зошто да ја играте играта?

  • Внимателно дизајнирани зони и предизвикувачки платформирање: Играта нуди возбудливо истражување на постапокалиптичен свет со зони кои се внимателно дизајнирани да го тестираат играчот во предизвикувачко напредување. Од руинирани фабрики до пустини, секој терен е уникатен и предизвикувачки.
  • Предизвикувачки босови и борба: ReSetna нуди интензивни битки со моќни босови, кои бараат стратешко размислување и брзи рефлекси. Секој бос е уникатен и нуди врвен тест за вештините на играчот.
  • Детален систем за надградба на чипови: Играта има комплексен и флексибилен систем за надградба на чипови, кој им овозможува на играчите да ги прилагодат своите способности, оружја и вештини за преживување. Овој систем додава посебна длабочина во играта.

Ако постои студио кое демонстрира непоколеблива верба во својата креација, тоа несомнено е талентираниот тим на Today’s Games. Нивната дебитантска игра, ReSetna, иако лансирана кон крајот на јануари, претрпе темелни трансформации во изминатите два месеци. Студиото посветено ги имплементираше клучните промени, директно инспирирани од повратните информации на нивната заедница. Резултатот е значително подобрена и посилна metroidvania акциона авантура, која ќе ве воодушеви со прецизно дизајнирани зони, предизвикувачки битки со босови и комплексен систем за надградба.

Постапокалиптична авантура

ReSetna се труди да раскаже интересна приказна за свет без органски живот. Вие играте со Ресетна – флексибилен робот кој се буди од АПЕКС АИ со мисија да го запре мистериозниот сигнал кој шири хаос и ги доведува роботите до работ на лудилото. Со дронот ИКСА, имате за задача да патува низ руиниран свет, да откривате тајни за Проектот Асенденс и да се борите со најразлични непријатели надевајќи се дека, на крајот од пато, ќе успеете да го елиминира Сигналот и да ја открие вистината за мрачната историја на светот. Приказната се раскажува низ штури, текстуални разговори и, иако, солидно го обработува лорот, вистинскиот фокуст е на истражување и на битките.

Како акциона, metroidvania игра, ReSetna навистина сјае во истражување на постапокалиптичниот свет, откривајќи најразлични, крајно возбудливи зони. Секоја од зоните е внимателно дизајнирана со специфични терени кои охрабруваат флуидно движење и вештини за набљудување и платформирање. Од руинирани фабрики полни со подвижни платформи и ласерски бариери, до пустини со нестабилни карпи и отровни гасови, бруталниот терен целосно ќе ги тестира вашите способности.

Покрај константно откривање тајни низ скришните места низ зоните, ќе наидувате и на уникатни предизвици, како и достојни противници. Секој непријател се одликува со различни напади, барајќи од вас да имате брзи рефлекси и правилно да ги користите способностите на бојното поле. Во срцето на руинираниот свет на Ресетна, се кријат моќни босови. претставувајќи го врвниот тест за вашите вештини. Секој бос е уникатен, со сопствени способности и тактики кои бараат добро осмислена стратегија. Поради тоа, ќе мора да ги анализирате нивните движења, да ги идентификувате нивните слабости и да ги користите во ваша корист. Со секоја победа, ем ќе добиете вредни награди ем ќе бидете чекор поблиску до откривањето на тајните на Сигналот и Проектот Асенденс.

Добрата работа е тоа што не сте принудени да ги правите овие работи сами. Имено, низ авантурите сте придружувани од дроид кој специјализира во пружање инстантна помош, како и хакирање на непријателите. За здобивање моќ која ќе може да излезе на крај со сите предизвици, имате на располагање комплексен систем од награди, поврзан со чипови. овој систем за надградба на чипови е модуларен систем кое е инспириран од Тетрис, а замислен да пружи ефикасни можности за усовршување на вашите способности, оружја и вештини за преживување. Чиповите кои ги вметнувате, ви помагаат да ги подобрите вашите борбени способности, движење, одбрана и хакерски вештини. Чиповите се делат во четири главни категодии и пружаат значајни надградби не само на вашите оружја и способности, туку и на вашето здравје, издржливост и флексибилност.

ReSetna е игра која нуди возбудливо и предизвикувачко искуство. Со внимателно дизајнирани зони, моќни босови и комплексен систем за надградба на чипови, оваа игра ќе ве држи приковани за екранот до самиот крај. Ако сте љубител на metroidvania жанрот и барате игра која ќе ги тестира вашите вештини, ReSetna е вистинскиот избор за вас.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Today’s Games
  • ИздаваModule16
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 31 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk