Snapdragon оваа недела го претстави новиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор; Nvidia проверува зошто каблите за напојување со топат на RTX 4090. Сепак оваа недела, фокусот на хардверот е на „Black Friday“, и попустите кои ќе бидат достапни наскоро.
RTX 4090: Лабави конектори причина за прегревање и топење
Скапата и супер моќна графичка картичка од Nvidia разочара некои од првите купувачи. Дел од нив јавуваат дека картичката го растопила приклучокот за напојување. Компанијата ги истражува проблемите, и напомена дека досега се пријавени околу 50 случаи.
Како единствен можен одговор за причина зошто се случува ова и зошто се топат 12VHPWR конекторите Nvidia посочи на погрешното приклучување. Дел од корисниците не го приклучиле во целост конекторот и поради лабавото поврзување приклучокот се прегрева и се топи.
Приклучокот 12VHPWR е нов стандард и голем дел од напојувањата не го поддржуваат. Поради ова Nvidia со картичката испорачува и адаптер кој овозможува прилагодување. Првиот сомнеж на корисниците беше дека токму овој адаптер е причината за високите температури, а дел се сомневаа и на недоволeн пресек на кабелот.
Сепак до ист заклучок како Nvidia дојде и GamersNexus кој успеа во своите тестови да го реплицира проблемот. Ова делумно ја ослободува Nvidia од одговорноста за „самозапалива“ графичка картичка од 1600 долари, иако производителот би можел да обезбеди графичката да не се вклучува без да биде правилно приклучена.
Qualcomm го претстави Snapdragon 8 Gen 2 SoC
Производителот на најпопуларни процесори, барем кога Android е во прашање Qualcomm, оваа недела ја претстави следната генерација на чипови. Snapdragon 8 Gen 2 е наменет за „флегшип“ телефоните на сите производители.
Овој пат производителот ветува навистина огромен скок во перформансите. Новиот процесор има 35 отсто подобри перформанси, а енергетски е 40 отсто поефикасен. Графичките перформанси се дури 25 отсто подобрени. Ако успее да ги донесе овие карактеристики на процесорот кој ќе се произведува, напредокот ќе биде одличен.
Snapdragon 8 Gen 2 е 4nm чип кој доаѓа со 4 ARM јадра. Главниот и најмоќниот процесор е 3.2 GHz Arm Cortex X3. Чипот доаѓа со 2х Cortex A710 и 2х Cortex-A715 процесори за средено оптоварување и 3х A510R1процесори за позадинските процеси.
Причината поради која Qualcomm ги измеша 710 со 715 јадрата е поддршка за 32-битни апликации. Спецификациите на ARM за оваа генерација на процесори беа само со 64-битни јадра, што ќе ја оневозможеше работата на 32-битни апликации.
Друга интересна надградба е додавањето на поддршка за WiFi 7 и потенцијална брзина до 5,8Gbps.
Чипот веројатно ќе биде подостапен следната година, но од производителот најавуваат дека некои од партнерите ќе ги добијат првите примероци порано.
Побрзо проток на информации преку USB-C на iPhone 15
Од следната година сите телефони на Apple ќе доаѓаат со USB-C приклучок. Аналитичарот Минг-Чи Куо кој вообичаено има точни извори за iPhone, пренесува дека промената ќе се случи во втората половина на годината.
Она што е интересно е дека иако приклучокот во иднина ќе биде достапен на сите телефони. Најголемата брзина за трансфер преку кабел ќе биде достапна единствено на iPhone 15 Pro моделите.
Стандардниот iPhone 15 ќе биде ограничен на USB 2.0 приклучок, а Pro моделот ќе има поддршка за USB 3.2 или Thunderbolt 3. USB 2.0 може да достигне брзина од 480Mb/s, но USB 3.2 може да достигне брзина до 20Gb/s.
На Boston Dynamics не му се допаѓа што некој го украде Spot
Boston Dynamics ги тужи Ghost Robotics откако заклучиле дека Spirit 40 и Vision 60 роботите на Ghost Robotics ја нарушуваат нивната интелектуална сопственост. Дел од системите кај кој е забележано нарушување на интелектуалната сопственост се системите за исправање и качување по скали.
Ghost Robotics креираа робот кој е речиси копија на Spot, но на нивниот робот е поставија снајпер.
Во 2020 Boston Dynamics најпрво им испратил барање да ги прегледаат патентите на Ghost Robotics. По ова, испратиле повеќе барања со кои бараат да престанат да ги рекламираат своите робокучиња (cease-and-desist).
Ghost Robotics по најавата за тужба ги отфрли обвинувањата како опструктивни и неосновани, пренесе Engadged.