Редизајнираниот Flickr понуди еден терабајт простор и ги изгаси Flickr Pro профилите

Друштвената мрежа за споделување фотографии Flickr oбјави „подобар, посветол“ редизајн. Редизајнот е дел од стратегијата на Yahoo, Flickr e нивна сопственост, да биде покул со помладите корисници. Kупувањето на Tumblr за 1,1 милијарда долари беше првиот чекор, сега следи редизајнирање на другите услуги, од кои прв е Flickr.

Прво што ќе забележите на вашата почетна страна на Flickr е дека е целосно променета со Activity Feed преку кој се прикажуваат најновите споделени фотографии и активности на вашите фотографии. Photostream е комплетно преуреден за да ги покажува сликите поголеми во поубав распоред, и дозволува персонализација на воведните (cover) фотографии. Претставени се и нови презентации за поубаво прегледување на фотографиите кои се прикажуваат во „најмногу пиксели кои се можни“.

Но, една од поголемите промени со друштвената мрежа не е редизајнот, туку функционалноста на Flickr Pro профилите кои сега се изгасени. Oвие профили за месечна претплата нудеа пристап до неограничен простор и статистики за прегледаните фотографии. Но, редизајнираниот Flickr сега нуди еден теребајт простор за да ги зачувате сите фотографии и видеа во висока дефиниција (HD). Терaбајтот ќе биде достапен и за Flickr Free и Flickr Pro профилите. За да го ставиме терабајтот во перспектива, ќе ви треба да правите по една фотографија секој час во следните четириесет години.

Flickr Pro корисниците ќе можат да си го зачуваат Pro профилот, и да продолжат да си плаќаат, но единственото нешто што ќе го имааат како предност пред Free корисниците за 50-те долари годишно е што нема да им се прикажуваат реклами.

Yahoo преку Flickr нуди и можност да платите 500 долари годишно за да добиете двоен простор, но тоа е бесцeлно бидејќи може да отворите два бесплатни профили, нели? Доколку одлуката да се изгасат Pro профилите ви звучи чудно, земете во обзир дека Flickr веќе не е пионир за фотографии како што беше еднаш, туку сега има далеку пoјака конкуренција (пр. Facebook, 500px итн) кои нудат доста корисни функционалности безпари. Тоа што е сега важно за Yahoo е Flickr да биде интересен за корисниците за да може да прави пари од рекламите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments