Апликација на денот: Слушајте и преземајте подкасти со Player FM за Android

Сѐ повеќе блогери и ИТ ентузијасти имаат свои подкасти преку кои ги пренесуваат своите искуства, па затоа за полесно наоѓање на содржината која ќе ви се допаѓа ви ја препорачуваме апликацијата за Android, Player FM. Oва е апликација која ќе ви помогне да го пронајдете вашиот омилен подкаст на одредена тема. Апликацијата овозможува да создавате сопствени канали и автоматско преземање на подкасти за офлајн слушање. Нуди повеќе од 300 теми и секогаш ќе пронајдете нешто интересно за слушање.

Апликацијата го има тој Holo кориснички интерфејс, но овојпат во црвена боја. Интерфејсот е едноставен, а корисникот може да избере сопствен начин на прегледување, односно, со сликички или листа. При стартувањето на Player FM, апликацијата нуди корисникот да избере теми кои би го интересирале и врз нивна основа да добива предлог подкасти.

За пребарување на различни теми се користи копчето за мени во горната лента. Плеерот е едноставен и нуди неколку опции за контролирање на тоа што го слушате, а тука е и опцијата за споделување на подкастот на друштвените мрежи.

Од екранот за поставување можете да поставите кога и под кои услови автоматски да се преземаат подкасти, како и колку од нив да ги чува во вашиот телефон. Имајте на ум дека апликацијата не дозволува бришење на автоматски преземените подкасти, па така не поставувајте голема бројка за тоа колку од нив да чува на вашиот телефон. Player FM е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments