0 коментари 1 мин. читање

Речиси 15 милиони евра инвестиции во хрватски стартапи

Хрватските стартапи во 2016 година собраа инвестиции од 15 милиони евра, ова е пораст од 37% во однос на 2015 година. Сепак само гледајќи ја оваа бројка не може да се види целата состојба. Загрепскиот инкубатор за претприемништво (ЗИП), ги претстави овие резултати во појасен иконографик.

Најмногу средства успеа да собере стартапот Photomath, 3 милиони евра. Интересно зад него се два неименувани стартапи со 2.12 милиони и 2.1 милиони евра. Топ 5 листата ја затвораат Bouxtie and Bulb со 2 милиони и Agrivi со 1 милион евра.

Засега 2014 година останува најдобра година за инвестициите во хрватските стартапи со инвестиции од 22 милиони евра. Најголем инвеститор во хрватските стартапи се акцелераторите кои инвестирале 42.3% од средствата. Потоа следат државата и локалните ангели инвеститори 38.46%. Приватните инвестициски фондови инвестирале 19.23% од сумата.

 

Image courtesy of ZIP
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top