{mosimage}HP како една од најуспешните компании во продажба на компјутерска опрема отсекогаш знаела многу добро да ги подели по групи своите потрошувачи, а со тоа и да создаде производ и понуда примамлива и прифатлива за секоја од нив. Во последните години овој тренд го наметна и во продажбата на преносни компјутери со што се искачи на самиот врв.
Еден од производите кои ќе ги задоволат потребите на луѓето на кои им е потребна мобилност, функционалност, одлични перформанси при извршување секојдневни задачи, а заедно со тоа и добар дизајн и одлична цена е HP 530.
{mosimage}
Стандардната конфигурација е следна:
Процесор:
Core 2 Duo Processor T5200 (1.60 GHz@533MHz FSB)
RAM: 1 GB
Хард диск:
120 5400 rpm SATA
Чипсет: Mobile Intel 945GM Express
Графичка: Intel GMA 950
Аудио: Conexant CX20549
Ethernet: Intel 82562GT
Модем:
CX20548-11
Безжична конекција: Intel PRO/Wireless 3945ABG 802.11a/b/g
Стандардно доаѓа со Windows Vista, но за подобри перформанси препорачливо е да инсталирате Windows XP.
Лаптопот кој ние го тестиравме беше надограден со уште 1ГБ (2 x 1GB DDR2 533 MHz) RAM меморија.
Добра мобилност
Со својата 2.6 кг тежина и само 3.7цм дебелина и со одличната Intel-ова безжична картичка со одличен прием е сосема солидно решение за оние на кои им е потребен компјутер при патувањата или пак при секојдневните активности. Тежината самата по себе беше изненадување бидејќи за ниската цена очекувавме далеку погломазно нешто. Помалку слаба страна при оценување на мобилноста е тоа што траењето на литиумско-јонска батерија со 4 ќелии при нормално користење на лаптопот е околу 2 часа, па доколку ова не ги задоволува вашите потреби може да си набавите уште една дополнителна, резервна батерија.
{mosimage}
Перформанси
Core 2 Duo процесорот заедно со супер тивкиот кулер се покажа одличен бидејќи загревањето во споредба со на пример Acer-овите лаптопи беше забележливо помало. Перформансите на самиот Core 2 Duo процесор се стандардни и со оглед на првичната намена за кој е направен овој лаптоп е најдоброто решение. 15.4 инчниот Super-TFT дисплеј со резолуција од 1.200×800 пиксели се покажа сосема солиден, но далеку од перфектен.
Во поглед на графичката картичка, доколку сте гејмер овој лаптоп со вградената графичка компонента не е дефинитивно за вас. Сепак истата ќе ги задоволи потребите на стандардниот корисник. Лоша страна е едниот моно звучник кој произведува помалку лош звук. Подобар звук добивате со добри слушалки приклучени на излезот за слушалки. Тука е и сега веќе стандардниот CD/DVD уред, двојно-слојниот DVD+/-RW SuperMulti.
Функционалност и дизајн
Уште една добра страна на овој модел е неговиот едноставен дизајн. Отфрлени се сите непотребни детали кои би му дале "новогодишен" изглед па така на целиот лаптоп има LED диоди само за најбитните делови и тоа на копчето за стартување, копчето за (де)активирање на безжичниот уред, Caps Lock диода која е доволно мала за да не одзема внимание и доволно голема за да биде функционална и на основата, LED диода која ја сигнализира состојбата на батерија (трепка кога е празна, на полнење е жолта па зелена и не свети кога батеријата е полна).
Лаптопот има доволно простор за комфортна тастарура. Копчињата на истата се "меки", изработени од нелизгава пластика која заедно со малото вдлабнување во средината дава перфектен "терен" за работа. Бројот на функциски копчиња е намален што од една страна е добра особина бидејќи се подобрува изгледот, но од друга страна се намалува функционалноста. Тастатурата е стандардна со 86 копчиња. Touch pad-от со 2-те стандардни копчиња е споен со самата кутија што го надополнува едноставниот едноставниот дизајн.
{mosimage}Приклучоци (Конекции и вмрежувања)
Покрај вградената безжична компонента овој HP модел има и еден RJ-45 (LAN) порт, еден RJ-11 (модем) порт, приклучок за напојување, еден VGA порт, еден излез за слушалки, еден влез за микрофон и два USB 2.0 порта.
Доколку планирате да приклучите периферни уреди двата USB порта ќе бидат премалку па веројатно ќе мора да користите додаток. И двата USB порта се поставени само на левата страна што е уште една лоша особина. Може да ви зафали и S-video приклучокот кој е изоставен.
Заклучок
HP 530 е веројатно едно од најдобрите решенија моментално на нашиот пазар што може да го купите доколку сакате лаптоп за секојдневна употреба кој ќе извршува разни функции и имате буџет до околу 500-тини евра.






