Reboot Infogamer во Загреб е еден од најголемите гејминг саеми во Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, гејминг

На саемот во Загреб, Хрватска деновиве се забележува необично висока фреквенција на млади луѓе – воглавно тинејџери, а причината зад тоа е седмото издание на Reboot Infogamer 2018, еден од најголемите гејминг саеми во Европа кој на едно место ги собира сите инволвирани во гејминг светот – од дигиталните игри до игрите со карти.

На површина од околу 20.000 м² во 7 сали, саемот оваа година се очекува да привлече повеќе од 80.000 посетители од Европа и од регионот.  На саемот може да се забележат разно разни промоции на популарни AAA рангирани игри, игри поврзани со виртуелна реалност, турнири и промоции на игри за карти (цела една хала е посветена само на ова), промоција и турнири во локални игри (приматот тука го зема хрватската игра Scum), сцена за дневни промоции, извлекувања и подароци од спонзорите, фестивал на инди игри, како и цела хала посветена на регионалната е-спорт лига A1 Adria League by ESL, која е во своја втора сезона. Саемот има повеќе од 250 изложувачи и повеќе од 800 гејминг конзоли.

Доста интересна е Ретро халата, која е првата хала низ која посетителите ќе се прошетаат, во која може да се играат старите добри ремек дела на оригинални конзоли како Nintendo, Comodore 64 и слично, а во халата има и изложбени експонати на ретро лаптопи, десктоп компјутери и разни гејминг конзоли.

На следниов линк ја имате целата фото галерија од нашата прошетка на Reboot Infogamer 2018.

Ретро Хала

Хала за борд игри и игри со карти

Останати хали

 

Повеќе фотографии тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk