Поефикаснa организација во macOS со Overflow

0 коментари 1 мин. читање

Корисниците на macOS оперативните системи имаат одлични можности за ефикасно организирање на нивните фајлови. Но, понекогаш барате нешто повеќе од стандардните опции кои се вградени во macOS Finder.

Overflow е повеќе од одлична алтернатива за вметнување на сите ваши фајлови и фолдери во Dock. Преку кратенка од тастатурата добивате пристап до главниот прозорец на Overflow. Тука, можете да влечете и пуштате какви било фајлови и фолдери, до кои подоцна инстантно доаѓате со само еден клик.

По потреба, можете да ги средувате вашите фајлови во најразлични колекции и истите да ги користите за најразлични проекти, а, благодарение на Quick Look лесно ќе можете да добиете брз увид за тоа што има во самите фајлови (preview). Тука е и најголемиот проблем со Overflow. Оние кои имаат потреба од вакво сортирање и создавање колекции од датотеки, едноставно мораат да ги засукаат ракавите и рачно да ги вметнуваат, групираат и именуваат. Но, во моментот кога ќе поминете низ сето тоа, значително повеќе ќе добивате на време и секојдневните активности ќе ги изведувате на значително попрактичен начин.

Overflow не е бесплатна апликација, но се испорачува со бесплатна пробна верзија. Во случај да ви се допадне она што ќе го видите, потребно е да платите 15 долари за понатамошна употреба.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед