Кога се работи за потенцијален убиец на Hades, како и реалистична симулација за управување со бродови, Realm of Ink и Ships At Sea се поставуваат како озбилни кандидати. Во исчекување на нивното излегување, решивме на кратко да ве запознаеме со најголемите потенцијали кои можат да се најдат во овие две игри.
Realm of Ink е акциона roguelite игра со впечатлив уникатен стил и забавен гејмплеј
Се планира чедото на Leap Studio првично да излезе во раниот пристап на Steam. Благодарение на веќе-достапното демо, повеќе од јасно е од која игра се влече инспирација (Hades). Realm of Ink ветува флуидни битки со предизвикувачки непријатели, уникатни визуелни мапи и бројни забавни оружја и способности.
Во пресрет на судбината!
Иако играта ја почнувате со Ред, подоцна ќе можете да отклучите уште два дополнителни ликови. На еден или друг начин, секој од ликовите ветуваат одредена разноликост, како при користење одредени способности, така и во начинот на користење на 9-те понудени оружја.
Се очекува арсенал од билдови, нешто што е загарантирано со 20-те уникатни способности и над 120 артефакти. Комбинирање на оваа опрема, во комбинација со непредвидливите механики кои ги наметнува секој ран, гарантира уникатна забава во вузуелно преубав свет.
За пофалба е и вашето милениче кое може да се трансформира во бројни суштества и на различни начини да пружа дефанзивна и офанзивна поддршка.
Покрај интригатниот борбен систем, лесно би можеле да бидете импресионирани и од начинот на кон се дизајнирани мапите. Патувајќи низ бројни шуми, кралства и рушевини инспирирани од кинеската митологија, ќе навлезете во впечатлив свет полн со мистерии и длабоки дијалози. Демото за играта веќе е достапно преку официјалната страна на Steam!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Leap Studio
- Издава: DLeap Studio
- Жанр: акционен roguelite
- Платформа: Microsoft Windows
Ships At Sea ќе ви дозволите да се потопите во реалистични симулации со управување најразлични бродови
За неполна недела дена, и играта на Misc Games ќе навлезе во раниот пристап на Steam, што значи дека нема да морате многу да чекате за неа.
Од развојното студио кое е најпознато по серијалите Fishing: Barents Sea и Fishing: North Atlantic, ни доаѓа уште една симулација во која можете да „запловите“ сами или со вашите пријатели.
Користејќи ја моќта на Unreal Engine-от 5, Ships At Sea ќе ви дозволи да го истражувате Норвешкото Море. Се работи за детално разработена мапа која ја покрива територијата на Лофотен, Норвешка.
На 46 x 46 km територија, што е со размер 1:1, ќе можете да возите наразлични бродови, да се справувате со непредвидливото динамично време, и да користите автентична опрема за ловење риби, пренесување карго и извршување дополнителни, профитабилни услуги за заинтересираните страни.
Се очекува Ships At Sea да биде во раниот пристап на Steam од една до две години. Развојното студио објаснува дека режимите за еден и повеќе играчи се целосно функционални и дека играта е во релативно игрива состојба со солидно разработени и соодветно интегрирани гејмплеј механики.
Времето кое е пред тимот ќе биде искористено за вметнување содржини кои ќе го прошират и подобрат севкупното искуство, се со цел да се понуди флуидно искуство со најмалку 16 различни бродови и бројни активности кои можат да се прават со и на нив.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Misc Games
- Издава: Misc Games
- Жанр: Симулација
- Платформа: Microsoft Windows