Како продолжение на серијата успешни Tech Flow настани, ИТ компанијата Ендава организираше конференција на 5-ти декември на тема „Еволуција на технологијата во новиот дигитален свет“.
Еволуцијата на технологијата во дигиталниот свет денес е многу комплексен процес којшто бара цврста желба за промени, како и смел и пионерски дух. Овој Tech Flow се фокусираше на теми како Quantum computing, Machine learning и UX дизајн; на најновите трендови и најдобри практики во овие области и како тие помагаат во дигиталниот бизнис и нè водат понатаму во иднината на човечките и дигиталните интеракции.
Повеќе од 200 посетители имаа можност да ги слушнат презентациите на овие теми од страна на професионалци кои го следат развојот на овие технологии и наоѓаат начини како истите да се применат во секојдневниот живот.
Извршниот директор за дигитални технологии во Ендава, Џастин Маркучи, говореше на тема Quantum Computing. Џастин ги истакна можностите за развој на технологијата и нејзината примена во различни области, како и придобивките од истата.
„Quantum Computing секогаш се поврзува со заплеткан хаос од недоразвиени научни достигнувања, луди теории и заблуди. Сепак, влијанието што Quantum Computing ќе го има врз светот ќе привлече многу поголемо внимание. Драматичната промена што ќе ја најави за бизнисите, како и човештвото во целина, ќе ја редефинира нашата перцепција за светот и ќе предизвика технолошка револуција што ќе го промени нашиот секојдневен живот.“ – изјави Џастин.
Дејан Цветковски, сениор инженер за менаџмент на апликации, ја презентираше неговата визија за развојот на вештачката интелигенција и како се очекува истата да напредува во иднина.
„Deep Reinforcement Learning носи многу новитети во областа на вештачката интелигенција. Можноста да се учи еден робот да прави основни, но и комплексни движења, а притоа да се прилагодува на неговото опкружување е нешто што не можело да се замисли во минатото.“- изјави Дејан.
За иднината на UX дизајнот зборуваше Томислав Луканоски, лидер во UX секторот на Ендава во Скопје.
„UX дизајнот е поприсутен од кога било досега. Компаниите ја препознаваат неговата вредност, а и сѐ поголем дел од луѓето имаат пристап до добри алатки за дизајн. Со оглед на тоа, за нас е важно да продолжиме да ги поместуваме границите на она што е можно и изводливо, но истовремено и да ги почитуваме принципите на добриот UX дизајн. Технологијата во комбинација со добар UX дизајн целосно ќе го промени начинот на кој комуницираме со производите и нашето опкружување, овозможувајќи ни да создаваме врски и интеракции на начини кои не беа возможни во минатото.“- истакна Томислав.
Целта на овие настани организирани од Ендава е нетворкинг, пренесување и размена на знаења и искуства од професионалци кои се развиваат и работат во ИТ индустријата. Овој настан е само најава за низа вакви конференции коишто ќе покриваат теми од најновите трендови во ИТ индустријата.