Раст од 500 отсто на малициозните апликации за Android во последните 3 месеци

Бројот на апликации со малициозен код и рекламниот софтвер кои ги собираат информациите од корисниците на уредот, бележи раст од 483 посто, или 30.000 од јуни на скоро 175.000 небезбедни апликации во септември.

Додека Apple има строги правила кои мора да ги почитуваат развивачите на апликации, Android пазарот е отворен, има слаба безбедност и е мета на лошите програмери. Најчести апликации со кои се залажуваат корисниците се тие кои „најверојатно“ претставуваат алтернатива на некоја апликација што се наплаќа. А исто така, многу се дизајнирани и да ги собираат корисничките информации од телефонот.

Trend Micro, кои ја имаат направено оваа анализа, забележиле пораст и на апликациите кои спаѓаат во категоријата „агресивен рекламен софтвер“ кои само ги собираат информациите од корисникот, повеќе отколку на тоа што тој се согласил.

„Не е изненадувачки овој раст на злонамерни апликации“, вели Рејмонд Џинс, CTO во Trend Micro. „Android е доминантна платформа за паметните телефони со успешна приказна. Дигиталното подземје гледа статистики и аналитички извештаи, и сфатило дека може да заработи со злонамерен софтвер за мобилните уреди. За разлика од компјутерите, во информациите кои се собираат од вашиот телефон, се открива и вашата локација, телефонските броеви кои сте ги повикале и уште многу други работи – а сето тоа може да се продаде“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk