HTC Droid DNA е 5-инчен паметен телефон кој во моментов е единствениот уред со Super LCD3 1080p Gorilla Glass екран со 1920×1080 резолуција, или 440 пиксели на инч. Ова е најголемата густина на пиксели на паметен телефон. За споредба најновиот iPhone 5 има 326 пиксели на инч (PPI). Повеќе пиксели има и од таблет компјутерите кои имаат поголем екран.
Droid DNA работи на Android 4.2 Jelly Bean, има 1,5 GHz Snapdragon S4 Pro процесор со четири јадра, 2 GB RAM, 8 MP камера, 16 GB простор, поддршка за NFC технологија и 4G, и бидејќи е HTC телефон има Beats Audio. Има 2,020mAh батерија.
Прилично импресивно, нели? Но, тоа што ќе ве разочара е што во моментов е ексклузивно достапен само во САД. Нема најава кога и дали ќе се појави на други пазари, камо ли пак во Македонија.
[youtube]R512phD0it4[/youtube]