0 коментари 1 мин. читање 14 ноември, 2012

Dropbox сега има над 100 милиони корисници

Поминаа пет години од објавувањето на Dropbox, а вчера бројот на корисници ја помина границата од 100 милиони, објави Дру Хјустон на официјалниот блог на веб складиштето.

Во своето постоење, Dropbox собра 250 милиони долари инвестиции и сервисот се проценува на околу 4 милијарди долари. Dropbox беше единствен на почетокот, додека во текот на претходните години му се приклучија стартапите како Box, SugarSync и сличните сервиси на гигантите како Google, Apple и Microsoft.

Сепак, ова не го спречи растот на Dropbox кој сега стигне до оваа фантастична бројка. Како што вели г. Хјустон за The New York Times, „Конкурентите се зафатени да изградат нешто што ние го имавме пред четири години“.

Во моментот, покрај десктоп варијантата, Dropbox е достапен и за Android, iPhone, iPad, BlackBerry и Kindle Fire, а можете да ја преземете од https://www.dropbox.com/mobile.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top