Во битката која ќе ја одлучи иднината на сајтовите кои служат за закачување и споделување фајлови не се вклучени само тие што се сомничат дека помагаат на пиратеријата, туку сите сајтови кои дозволуваат да се складира содржина преку облакот, велат адвокатите на RapidShare.
RapidShare е сличeн по функционалност со Megaupload, но не и во управувањето бидејќи Megaupload е обвинет за перење пари и соработка со други сајтови да промовира пиратски линкови.
Во интервју за FastCompany, адвокатот на RapidShare, Даниел Рејмер вели дека RapidShare никогаш не би правел работи како Megaupload, како на пример парични награди на корисниците кои споделуваат пиратска содржина. Според него, RapidShare повеќе наликува на Apple iCloud или Microsoft Skydrive.
„Да ви објаснам вака. Tехнологијата зад Megaupload и RapidShare можеби е слична, но тоа исто важи и за технологијата на Microsoft SkyDrive или Apple iCloud, што не е многу различно од тоа што RapidShare го прави. Тоа е закачување на фајл, и негово пристапување преку Интернет, или негово споделување со пријателите.“, вели г. Рејмер. „Бизнисот од гледна точка на етиката е многу сличен. Најголемата разлика е, што поточно е вашиот бизнис модел? Дали ја потпомагате пиратеријата? Дали има намера да се направат пари со привлекување на пирати? Или дали сакате да имате сериозни корисници и долго-годишен однос со задоволни луѓе ширум светот, кои ви веруваат? Токму тоа е што ние правиме.“
Според него, сите сервиси можеби се вклучени во пиратеријата бидејќи дозволуваат закачување на разно-разни фајлови. Можеби тие фајлови се пиратски.
„Ние сме првите кои развивме софтвер за преглед на содржината која е на нашиот систем. Третина од нашата компанија е посветена на симнување на нелегална содржина.“
Целата дебата околу облакот и споделување пиратска содржина ќе биде зависи од тоа како ќе заврши спорот против Megaupload. Доколку се докаже дека Megaupload правел нелегални активности за да промовира нелегална содржина и со неа до дојде до милионски суми, тогаш решението за сите сајтови ќе биде едноставно да се придржуваат до правилата на водење легален бизнис. Доколку се покаже дека гасењето на Megaupload е поради пиратската содржина споделена од корисниците, тогаш очекуваме да видиме уште пожестока дебата која ќе ги вклучи сите сервиси во облакот и најверојатно развивање на подобар софтер за препознавање на пиратски дела.








Каде викаат рапидшер дека јутјуб се следни?