Ран преглед: KAKU: Ancient Seal e симпатична игра која ќе ве одведе на незаборавно патување во фантастичен свет

Souls-like игрите обично се сметаат за мрачни игри со предизвикувачки борбени механики. Но, што ако од оваа формула го замените мрачното со шареноликото и, згора на тоа, вметнете загатки кои се разрешуваат на креативен начин? KAKU: Ancient Seal можеби е сеуште во ран пристап програмата на Steam, но веќе нуди удобен и впечатлив престој со делумно отворениот свет, симпатичните ликови и визуелно-импресивните битки.

KAKU: Ancient Seal е игра која се одвива низ четири огромни територии полни со интересни ликови и предизвикувачки непријатели. Секоја од територите се одликува со уникатни места и графички убавини кои ги впивавме со огромно задоволство. Мапите се исклучително големи, а вашето истражување ве соочува со непријатели на кои им ставате крај користејќи арсенал од најразлични оружја.

На располагање имате и бројни способности кои ги надградувате со ресурсите кои ги собирате. Па така, можете да го кренете штитот за максимална одбрана од сите фронтални напади, па потоа истиот да го искористите за три последователни удари. Во случај да сте опкружени со бројни непријатели можете да се завртите во круг и да удрите се што е во ваша непосредна близина. Слично на ова, ресурси користите и за процентуално зголемување на вашите офанзивни и дефанзивни способности – нешто што знае да биде особено важно при соочување со поопасните непријатели.

Покрај главната мисија, имате на располагање и бројни споредни квестови кои, за жал, инстатно ќе бидат етикитирани од повеќето гејмери како крајно генерични и во стилот на оди таму, земи тоа, или убиј ова. Босовите се одлична дополнителна разонода, но битките знаат да бидат премногу слични една со друга и откако ќе убиете неколку босови, лесно би можеле да помислите дека се е веќе видено.

Како најсветла точка се бројните загатки и предизвикувачките премини од една до друга точка. За загатките потребно е да ги активирате сивите ќелии за да дојдете до посакуваното решение, а а за премините од една до друга точка, потребни се брзи рефлекси, избегнување замки и правилно темпирање на вашето движење. Уживавме во истражување на ваквите области и сметаме дека се најсветлата точка во играта.

KAKU: Ancient Seal е планирано да биде дел од раниот пристап на Steam шест месеци. За тоа време, тимот BINGOBELL има за цел правилно да ја оптимизира играта и во поглед на графиката и во поглед на механиките. Во меѓувреме, тимот е посветен и на раздлабочување на четирите светови, вметнување повеќе загатки и борби со поразнолики непријатели. Финалниот продукт би се одликувал со главна мисија во времетраење од 30 часа, бројни непријатели и босови и предизвикувачки загатки и области за истражување.

Доколку сакате шаренолики игри со висок акцент на истражување, комплексен систем на надградби и предизвикувачки битки, тогаш KAKU: Ancient Seal дефинитивно треба да ви е на радарот. Одредени работи сеуште не се целосно исполирани и на моменти би можеле да помислите дека мапите се празни, а битките неинспиративни и здодевни, но нема никакво сомневање дека светот е преубав и, со дополнителна посвета, лесно би можеле да се исправат сите проблематични аспекти. Играта е на прав пат. Следиме како ќе се менува во иднина!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments