Rainbow Six Siege никако не планира да го намали темпото со исфрлување содржини. Од втората година од сезонски надополнувања, останува четвртата и последната сезона. Тоа значи дека имате на располагање три нови оператори и целосно нова мапа. Насловена како Operation White Noise, сезоната ќе им дозволи на играчите да сеjат хаос во кула за набљудување во Сеул, Јужна Кореја со еден нов оператор од Полска и двајца нови оператори од Кореја. Обично, проширувањата за Rainbow Six Siege се одликуваат со само два оператори, но бројката се зголеми за еден откако се откажа експанзијата за Полска.
За разбивање на борбената монотонија, Operation White Noise ќе ве запознае со нови оружја и борбена опрема. Најдоброто доаѓа по крајот на сезоната, а тоа е најавата за трета година од содржителни надополнувања, во духот на претходните две години. Сега-за-сега, останатите податоци се држат во тајност, но повеќе ќе се знае на 18 и 19 ноември, за кога е предвидено финалето за Rainbow Six Siege про лигата која, исто така ќе биде стримувана во живо на twitch!
Доколку одамна не сте ја играле Rainbow Six Siege, ова е одлично време за враќање затоа што играта доживеа тектонски промени кои се некаде на граница помеѓу одличен баланс и корисни новитети. Последната голема експанзија за играта, Operation Blood Orchid, излезе во септември и понуди нова Theme Park мапа и тројца оператори.