Дека Denuvo повеќе не е ефикасна заштита, зборува и фактот дека Middle-earth: Shadow of War е кракната за само еден ден. Токму поради ова, издавачите Ubisoft решија да преземат поригорозни мерки за да го заштитат нивниот продукт и имплементираа во Assassin’s Creed: Origins дополнителен слој од заштита, наречен VMProtect. Според извештајот на еден кракер, ова доаѓа со огромна цена. Ваквиот дополнителен слој заштита, објаснува кракерот, овозможува потешка детекција на Denuvo, што е сè само не супер за легитимните гејмери, затоа што комбинацијата од VMProtect и Denuvo значително ги загрозува вашите перформанци, особено доколку користите процесор од ниска или средна категорија. Извештајот тврди дека тоа е единствената причина поради која многумина корисници забележуваат 100% искористеност на процесорот.
Ubisoft, претпоставувате, побрзаа на Steam и целосно да го негираат тврдењето и да изјават дека „имплементираните DRM решенија во Windows верзијата на Assassin’s Creed Origins немаат апсолутно никакви забележителни ефекти на перформансите во играта“.
Ubisoft можеби негираат каква било поврзаност меѓу овие две работи, но сепак ветија дека ќе ги засукаат ракавите и ќе се потрудат да понудат пооптимизирана околина со некое од следните надополнувања.
Што се однесува до самата хардверска побарувачка за играта, за графички осиромашено искуство потребен ви е барем Intel Core i5-2400s процесор, GTX660 графичка и 6GB RAM. Препорачаната конфигурација, пак, апелира на Intel Core i7- 3770 процесор, GeForce GTX760 графичка и 8GB RAM.
[…] Причината за ова се должи на озлогласената DRM заштита Denuvo која се покажа исклучително тешка за кракнување, особено во поглед на најновиот хит на Ubisoft. Assassin’s Creed Origins се испорача со Denuvo верзијата 4.9, како и со дополнителен слој заштита, наречен VMProtect. Ваквото нешто, се веруваше, допринесуваше и до поголема искористеност на процесорот иако од Ubisoft јасно и гласно ги негираа обвинувањата. […]