Пред неколку години робот за прв пат успеа да го помине Тjуринговиот тест. Денес Google Duplex можеби може го повтори овој подвиг, единствената разлика е што Google не користи никакви трикови.
Google Duplex е продолжение на гласовниот асистент на Google. Роботот може да резервира место во ресторан, берберница, хотел, билет за авион и слично. Секако асистентот најпрво ќе се обиде да го направи ова по дигитален пат. Ако услугата нема електронско решение, Duplex се јавува на телефон. Говорот е на рамниште на секојдневниот говор.
Роботот на Google направи два телефонски разговори, успешно импровизираше, а без сомневање и „аха“, „ммм…“ и „мхм“ помагаат да се залаже соговорникот. Но, за разлика од претходниот пат, роботот Јуџин беше маскиран како дете, што дополнително ги излажа судиите.
Тјуринговиот тест треба да покаже кога некоја машина се однесува интелигентно, а доволен доказ за тоа е да „убеди“ 30% од испитаниците дека станува збор за човек, во петминутен текст дијалог со судиите. Тестот е предложен од генијалниот математичар Алан Тјурин, а треба да даде одговор на прашањето: Дали машините можат да размислуваат? Концептот на текстот е едноставен, судијата поставува прашања на човек или на машина, притоа незнаејќи кој е кој. Врз база на добиените одговори судијата одлучува кој од скриените испитаници е човек, а кој машина. Компјутерот не мора да понуди точен одговор, туку единствено што поверодостојно да биде имитација на човек.
Роботот на Google досега не бил подложен на тестот на Тјуринг. Сепак се чини дека ако биде, без проблем ќе го помине тестот. Можеби токму поради ова Google излезе со објаснување дека кога асистентот ќе ѕвони на некој од сервисите и ќе се претстави како робот или гласовен асистент.







