0 коментари 2 мин. читање 16 септември, 2015

Qualcomm објави повеќе информации за следната генерација мобилни процесори

Qualcomm објави дел од податоците за следната генерација на мобилни процесори Snapdragon 820. Процесорот излегува следната година, а од податоците споделени овојпат дознаваме дека производителот ја надгради конективноста на компонентите.

Новиот процесор доаѓа со нов „X12 LTE“-модем, со кој поврзувањето на мобилна интернет мрежа за прв пат е со CAT 12 downlink до 600Mbps и CAT 13 uplink до 150 Mbps. На LTE оператор се активираат 4х4MIMO downlink-ови.  Новите Cat 12 и 13 downlink и uplink овозможуваат 33 отсто поголема брзина при преземање и 200 отсто поголема брзина при испраќање на податоци. Ова ќе овозможи подобро искуство при користење на апликациите, но и побрзо вчитување на вебстраните на паметните телефони. Новата технологија за антена (Advanced Closed Loop Antenna Tuning), која доаѓа со модемот е поштедлива и го намалува бројот на паднати повици, велат од Qualcomm.

Дополнително компанијата ја најави и новата Quick Charge 3.0 технологија која ќе биде достапна на Snapdragon 820, 620, 618, 617 и 430 и треба да се појави следната години. Технологијата е 38 отсто поефикасна од Quick Charge 2.0 и го скусува времето потребно за полнење, па од 0 до 80 отсто батеријата се полни за 35 минути.

„Значително ги зголемуваме можностите и предностите кои ги нуди Quick Charge 3.0 за да може да понудиме робусна технологија за брзо полнење до сите… Quick Charge ќе поправи еден од главните предизвици за корисниците, побрзо и поефикасно полнење на батеријата“, вели Алекс Катузиан од Qualcomm.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top