Google Primer: Неколку минутни лекции за маркетинг и стратегија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Google Primer е Android и iOS апликација со која компанијата нуди неколку минутни лекции за маркетинг и стратегија за новите претприемачи и стартапи.

Целта на апликацијата која барем во првите неколку лекции е фокусирана на мобилните апликации за сервисите е да им помогне на нивните основачи да креираат поквалитетни апликации, да понудат услуга која ќе им се допадне на корисниците, па ќе продолжат да ја користат. Лекциите се поделени во неколку теми, а ќе им бидат од корист на сите.

 Лекциите се куси, најчесто покуси од 4 минути, а можат и да се читаат и решаваат и додека сте офлајн. Темите кои се покриваат се од основни, но и понапредни, а Google најавува дека секоја недела ќе додава нови лекции. Доколку сте посетувале некој од Coursera курсевите тогаш најверојатно сте запознаени со принципот, куси лекции, квизови во текот на „лекциите“, а по завршувањето има совети кои треба да ги исполните во сопствениот стартап. Целта на апликацијата е покрај можноста да им помогне на корисниците да понудат подобар производ и да им ги понуди/рекламира сервисите на Google, на пример Google Ads.

Дури и да не планирате никогаш да ги користите сервисите на Google, Primer ќе ви помогне да се запознаете со основите на: рекламирање во пребарувач, присутност во медиуми и слично. Апликацијата може да ја преземете од AppStore и од Google Play

.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments