1 коментар 1 мин. читање

Настан: Регрутација на фриленсери во Coffice

Coffice и нивниот партнер – софтверска компанија следната недела организираат регрутација на фриленсери. Настанот е закажан за 21 септември – понеделник, ќе трае од 10 до 10 и ќе се одржи во просториите на Coffice.

Регрутирањето е за неколку позициии тоа: дизајнери на кориснички интерфејс, PHP и .NET развивачи и iOS и Android програмери. Доколку сте заинтересирани треба да ги контактирате Coffice преку имејл или по телефон, а повеќе податоци може да пронајдете на FB страната за настанот.

Coffice е coworking простот, кој овозможува собирање на повеќе млади умови на еден простор, а истовремено се надеваат дека ќе им овозможат на стартапите да заштедат на канцеларии, барем во почетокот на компанијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top