Хрватскиот стартап CodeAnywhere и избран за Најдобар стартап на Techcrunch Disrupt, по гласовите на публиката која го изгласа за најдобар во Startup Alley.
CodeAnywhere е едитор на код базиран на облак, а негова цел е да овозможи иста продуктивност како и десктоп апликација. Единствено ограничување на веб апликацијата е како и сите сервиси во облак, доколку немате пристап до интернет нема да може ниту да кодирате. Неодамна CodeAnywhere доби инвестиција од 600.000 долари за да продолжат да се развиваат да привлечат повеќе од 200.000 корисници кои ги имаат во моментот, од кој дури 50.000 пристапуваат на сервисот барем еднаш во неделата. Основачите на CodeAnywhere Иван Буразин и Ведран Јукиќ имаа своја презентација пред публиката во Њујорк.