Првото DLC за Battlefield 1, насловено како They Shall Not Pass, излегува во март и она што ќе донесе се четири мапи, две возила и еден режим на играње.
Од четирите мапи, на располагање ќе ги имате Verdun Heights, Fort Vaux, Soissons и Rupture. Verdun Heights се одвива за време на масовен шумски пожар каде преовладува угнетувачката песна на артилеријата, а Fort Vaux ве удостојува со мрачната галерија од лавиринти на една од наимпресивните тврдини за време на Првата Светска Војна. Во Soissons, пак, навлегувате во крвави препукувања во преубавото истоимено село, а во Rupture ги заземате клучните мостови и излегувате на крај со бројните заседи кои демнеат на секоја страна.

Заедно со француската армија доаѓаат и две француски возила и тоа: Char 2C тенк и офанзивниот тенк Assault Tank Gun. Возилата се пропратени и со Trench Raider елитната класа, но и со стационарното оружје Siege Howitzer.
Новиот режим на играње се вика Frontlines, а дозволува и двата тима да се борат за едно знаме. „Кога еден тим ќе го земе знамето, фокусот се префрлува на следната критична точка во непријателската територија“. Од ЕА објаснуваат дека кога еден тим ќе пристигне до седиштето на спротивниот тим, играта ќе заземе малку поразлична Rush форма каде на обележаните места треба да се настапи офанзивно или дефанзивно, односно едниот тим би бранел одредени точки, а другиот би ги напаѓал.
Не се знае кога точно во март ќе излезе They Shall Not Pass, но се претпоставува дека цената би била 15 долари.







