Иако изгледа импресивно оверклокуван кога се лади со течен азот, новата серија на Intel Core процесори не ги импресионира медиумите. Првиот поглед на Kaby Lake дури ги натера ArsTechnica да се запрашаат: „Дали десктоп процесорите се мртви?“.
Главната причина за лошиот прием е недоволната разлика во процесирачка моќ со Skylake. За сопствениците на Haswell и Broadwell процесори ова значи дека можат да почекаат уште една генерација за промена. Сепак за сите кои купуваат нов компјутер Kaby Lake е најдобриот процесор достапен во моментов.
„За ентузијастите за кои новото мора да биде подобро од она што го менува – KabyLake е разочарување. Решение кое не прави ништо освен што им овозможува на производителите да залепат нови етикети на своите производи 2017.“, пишува Ars Technica.
Најголема придобивка на новата генерација е видео енџинот. Новиот процесор е доволно моќен за 4К видео репородукција. За жал, ова нема никакво значење за голем дел од сопствениците на десктоп компјутери. Разликата помеѓу i7-6700K и i7-7700K е: 4Ghz и 4.2 GHz стандардна фреквенција и 4.2 и 4.5 GHz Turbo Boost фреквенција.
Овој пат има три процесори прилагодени за оверклокување, i5-7600К и i7-7700К, но и нов i3-7350K. Се чини дека i3-процесорот треба да биде прилагоден за овеклок на буџет, сепак плочите кои го овозможуваат ова не се евтини, па во скоро време не изгледа дека ќе има оверклок на буџет.
Минималниот напредок е добра вест за AMD, компанијата сепак ќе има можност со новиот Ryzen да се приближи до пeрформансите на Intel процесорите.







