0 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2017

Ја пиратирате Owlboy? Нема врска, креаторите се среќни што ја играте

Слично како креаторите на ТВ серијата „Game of Thrones“, така и креаторите на видеоиграта Owlboy не се загрижени за пиратите. И едните и другите сметаат дека пофалбите кои ќе ги добијат се доволни за да ја поправат штетата која ќе им биде нанесена.

„Кога е во прашање пиратството, секако дека не сме преокупирани. Радосни сме за секоја можност која луѓето ја имаат да изиграат играта. Преку торент играта им е достапна на луѓе кои немаат можност за купување на игрите (можеби Steam не ја поддржува нивната валута или немаат платежна картичка). Сепак сакаме сите да можат да ја искусат Owlboy. Сега, пиратирањето е најдобрата алтернатива која ја имаат, таа е сосем отворена за секој со интернет. Не сме големо студио, па пиратирањето не нè погодува како креаторите на ААА игрите.“, вели Џо-Реми Мадсен на Reddit AMA.

Owlboy е платформска игра во која играчите можат да истражуваат потполно поинаков свет, па дури и да летаат. Играта ќе ве потсети на златно време на платформерите. Естетиката на играта, изборот на протагонист и различните непријатели се она што ја прават играта забавна и интересна за сите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top