Првиoт рачно изработен дрвен маус од македонскиот дизајнер MightyCreation

2 коментари 2 мин. читање

MightyJewelry e студио за рачна изработка на накит од Скопје. Зад MightyJewelry стои креативецот Александар Пешевски – MightyCreation, кој покрај изработката на накит, работи и како графички дизајнер.

Овој пат од MightyJewelry има нешто сосема поинакво, рачно изработен дрвен маус. Ја имавме можноста да го видиме маусот и да ѕирнеме во работилницата на Александар додека траеше процесот на изработка.


Доколку мислите дека ги имате потребните вештини и алатки, може следните упатства ќе ви помогнат во изработка :)

Се одбира суво парче дрво, по можност орев, поради составот на дрвото и убавината на годовите.


Се исцртува формата од горната страна на парчето и едната страна.


По истата форма се сече парчето на бонсек. Тука се вади долно и горно парче каде би биле кликовите и отворот за тркалцето на маусот.


Се отстранува внатрешноста, внимателно испланирана да ја собере оптиката и батериите.


Со должината на засекот се регулира еластичноста на кликовите.


Се проверува формата и дали сите парчиња лежат едно врз друго без остапка на годовите на дрвото.


Се премерува и позиционира оптиката.


Овој дел е од особено значење за функционалноста на маусот.


Се комплетираат сите елементи за нови премерувања.


Се затвораат сите делови за да се направи проверка дали се компатибилни за понатамошна работа.

Времето на изработка на овој маус е отприлика 3 дена.

Disclaimer: Aлександар Пешевски е дел од тимот нa IWM network.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top