Спонзорирано

Првиот Power Platform Bootcamp официјално и во Македонија 

Спонзорирано од Power Platform Macedonia

во ИТ настани, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

Power Platform Македонија, го најавува својот прв настан под името “Power Platform Bootcamp” кој ќе се одржи во Public room во Скопје со почеток во 11:00 часот. Влезот е слободен за сите  ентузијасти кои сакаат да слушнат повеќе за една од најпопуларните платформи на Microsoft денес – Power Platform. 

Power Platform Македонија е независна организација фокусирана на Power Platform и најновите трендови поврзани со оваa платформа. Сѐ поголемата популарност на истата и бројните настани кои се одвиваат во светот посветени токму на Power Platform резултираа во формирање на едно здружение кое има за цел да ги собере сите ИТ професионалци во Македонија кои ја користат или би сакале да ја користат оваа платформа на едно место.

На самиот настан присутните ќе имаат можност да слушнат повеќе за следните теми:

  • Поттикнување на иновација со помош на Power Platform, предавач: Катерина Шемоска, Low Code Platforms Practice Unit Manager во ⋮IWConnect
  • Моќта на Power апликации – научени лекции, предавачи: Благоја Пановски, Principal Software Architect во IT Labs и Александра Винокиќ Technical Lead 
  • Искористување на моќта на податоците со помош на аналитики базирани на податоци и Power BI, предавач: Митко Кинов, Technical Consultant во ⋮IWConnect
  • Градење на комплексни Power Platform апликации со помош на прилагодени конектори, предавач: Петар Георгиев, Microsoft Practice Unit Manager во ⋮IWConnect

На настанот ќе бидат присутни ИТ ентузијасти, претставници од бизнис, стартап и едукацискиот сектор како и организаторите и спонзорите. Овој настан е одличен начин да се разговара за актуелни теми од областа на Power Platform како и одлична можност за социјализација во релаксирана атмосфера.

Повеќе податоци за настанот можете да прoчитате тука. 

Поддршка за настанот дадоа ⋮IWConnect и IT Labs. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Power Platform Macedonia . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]