Дознајте кои фонтови користат веб сајтовите со Fonts Ninja

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Доколку сте и вие како нас, често се случува да посетите одреден сајт и да ви се привлече вниманието од фонтовите кои се употребени. Fonts Ninja е екстензија за прелистувачот Firefox (има алтернатива и за Chrome), а нејзината цел е да го анализира посетениот сајт и да ве извести за имињата на фонтовите кои се користат.

Fonts Ninja не може да анализира слики, така да фонтовите кои се дел од слика поставена на веб сајтот ќе бидат заобиколени. Но, текстот кој се наоѓа на страницата брзо се анализира и потоа се нуди листа од сите фонтови кои се искористени за приказот. Паралелно со ова, имате и соодветни линкови кои ви дозволуваат инстантно да ги преземете фонтовите.

Подразбирливо, од листата ќе можете да ги преземете само фонтовите кои се бесплатни. Оние фонтови кои подлежат на комерцијална лиценца и кои чинат пари – за нив ќе добиете линк кој ќе ве одведе до местото од кое можете да ги купите. Доколку немате пари за некој фонт, можете истиот да го запомните со опцијата Bookmark за да му се навратите подоцна.

Fonts Ninja е одлична екстензија затоа што на брз и ефикасен начин ве известува за користените фонтови на најразлични сајтови и во исто време ви дозволува да ги преземете односно купите омилените. Ова знае да биде особено важно доколку и вие имате веб сајт и сакате да си го „освежите“ со малку поразлични фонтови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk