Британската јавност наскоро ќе може да ги тестира автономните автобуси на Oxbotica во Лондон. Следните три недели граѓаните и посетителите на Лондон ќе можат да го тестираат возилото во Гринич. Дури 5.000 волонтери се пријавиле за учество во тестот, јави BBC.

Возилото е минибус или шатл и има простор за четири патници. Автобусот е во целост управуван од компјутери, иако има присутен „возач“ кој може да ја преземе контролата и да го запре возилото, доколку затреба.
Должината на тест патеката е околу 3 километри, во близина на O2 арена. Возилото е прилично безбедно, а максималната брзина која може да ја развие е околу 16 km/h.
Целта на тестот е граѓаните да имаат можност да се запознаат со автономните возила. Технологијата е сè уште во рана фаза, па бројот на корисници кои можеле да се повозат е незначителен. Поради ова градските власти ќе се обидат да ја доближат технологијата до граѓаните.
Системот за превоз би можел да биде достапен за јавноста надвор од тест фаза веќе од 2019.