0 коментари 1 мин. читање

Паркирајте на безбедни места со Пајако на 3P Development

Пајако е македонска Android апликација која на корисниците ќе им помогне да паркираат на локации кои се безбедни. Креатор на апликацијата е македонското студио 3P Development.

Aпликaцијaта не е наменета да им помогне на возачите да го избегнат законот. Целта e да им помогне на местата каде нема видлива ознака. Користењето на апликацијата е едноставно, корисникот единствено треба да притиснe на „провери“ и да добие податок дали некој пријавил пајак служба.

Засега Пајако е во тест фаза, а и за поголема точност потребно е поголем број на корисници да пријават каде пајак службата функционира. Иако идејата е добра, токму ова „crowd sourcing“ на податоците може да биде најголем проблем. Податоците ќе зависат најмногу од корисниците на апликацијата. Тие со „додади место“ можат и самите да означат место каде пајак службата „дига“ возила.

Тимот кој ја креираше апликацијата 3P Development, ги осуди и ги преупреди корисниците кои паркираат на тротоари и јавни површини.

Апликацијата е достапна на Google Play, а може да се користи на телефони со Android 4.0.3 или понова верзија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top