9 коментари 1 мин. читање

Погледнете ги новите македонски фонтови креирани во првата Типокујна

Типокујна е првата изложба на нови креативни фонтови со македонска кирилична поддршка. На изложбата, која беше отворена на Архитектонскиот факултет во Скопје на 18-ти декември, се изложени 12 нови македонски фонтови креирани од Вања Штркова, Небојша Гелевски – Бане, Александар Пешевски, Милан Стојанов, Мики Стефановски, Игор Делов, Гоце Велески, Анастасија Манасиевска, Александра Новеска, Влатко Ристов, Мартин Ковачки, Ирма Велковска, Анке Клајн, Марија Ветероска, Ико Илиевски, Елена Ѓорѓиевска, Ѓорѓи Јаневски, Исак Вишњиќ, Сања Спасовска, Коста Лазаревски, на чело со единствениот македонски професионален типограф Ласко Џуровски, кој вели дека „кирилицата е бесмртна“.

„Од изложбата очекуваме да ги разбранува водите во графичкиот и типодизајн во Македонија“, вели г. Џуровски. „Категорично НЕ, компјутерите не ја убиваат македонската кирилица, тие само придонесуваат таа уште повеќе да се развива, се разбира со помош на сите нас. Кирилицата е бесмртна, секогаш имало и ќе има некој што се грижи за неа, а таа, верувајте ја возвраќа таа љубов“

Типокујна, која ќе трае до Нова Година, беше деседневна работилница за креирање на фонтови која започна со предавања за дали „компјутерите ја убиваат македонската кирилица“, по што следеше работилницата на која се креираа нови фонтови кои може да ги погледнете подолу, благодарение на Okno.mk. Изложбата е организирана од Creative Exchange групата на Facebook и Ласко Џуровски, во соработка со дизајнерите, студиото Тотем, Polyesterday и Архитектонскиот факултет.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top