0 коментари 1 мин. читање

Персонализирајте си го својот Android телефон со Themer

Themer е Android апликација која овозможува едноставно креирање и менување на темата на Android телефоните. Креатори на апликацијата се My Color Screen, кои посветија огромно внимание на едноставноста за користење, па откако ќе ја одберете својата позадина, ќе може и едноставно да ја поставите со еден клик Апликацијата има голем број на теми кои се достапни во моментов, а ќе може и да ги менувате иконите. Проблемот со апликацијата е што е во бета и се срушува често, како што дознавме од тестовите со Galaxy S4 Mini.

„iPhone неможе да го направи ова! Паметен персонализиран почетен екран со еден клик. Разгледајте ја нашата библиотека од бесплатни теми, секоја со комплетен сет на икони, позадини, виџети и многи повеќе. Одберете ги вашите и кликнете Apply. За еден момент вашиот телефон ќе изгледа прекрасно. Темите се футуриситички, божиќни, гранџи, егзотични и прекрасни. Themer е одговор на прашањето: Зошто Android е подобар?“

[youtube]jKfnzawQFYU[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top