Прв турнир во Valorant во Македонија

0 коментари 1 мин. читање

Македонската еспорт федерација објави дека го организира првиот турнир во новата игра на Riot, Valorant. Поддршка во одржувањето на овој турнир доаѓа од Esports.mk. Турнирот започнува на 20 јуни, а пријавувањето ќе заврши еден ден порано.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1424626874387321&id=172958359554185

За да учествуваат на турнирот заинтересираните треба да имаат FaceIt профил и регистрирано Valorant на платформата. Турнирот е наменет за сите играчи постари од 14 години, а тимовите може да бидат составени од најмногу 7 натпреварувачи, но двајца би биле резерви. Од петтемина кои ќе се натпреваруваат тројца мора да бидат од Македонија.

Valorant е 5 „шутер“ во кој два тима од по 5 играчи се натпреваруваат еден против друг. Играта е послична со Overwatch отколку со Counter Strike. Секој играч игра уникатен карактер, секој со предности и слабости.

Заинтересираните можат да се пријават на Faceit, а можат да дознаат и повеќе податоци за турнирот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед