0 коментари 2 мин. читање 15 јуни, 2020

TransCoder AI е вештачка интелигенција која преведува програмски јазици

Facebook разви вештачка интелигенција која може да преведе код од еден програмски јазик во друг. TransCoder AI код од и во различни програмски јазици, на пример Java, Python, C, C++ и слично.

Најголема предност е што автоматизира голем дел од работата и значително ќе поевтини префрлање на код од постар, во современ програмски јазик. Засега нема вистинска примена во пракса, но во теорија софтверот би можел значително да поевтини прекодирањето, од еден во друг програмски јазик.

Вештачката интелигенција помага со повеќе проблеми кои ја прават проблематиката специфична: различна синтакса, типови променливи, библиотеки и слично. TransCoder AI препознава, мапира и може да замени делови од код од еден во друг јазик.

Мигрирањето на еден код во друг програмски јазик е скап и долг процес. неодамна Банката на Австралија плати 750 милиони долари за во 5 години да се префрли од COBOL на Java потсети VentureBeat.

Вештачката интелигенција е тренирана на над 2.8 милиони јавни „складишта“ (repositories) на GitHub.

„TransCoder може лесно да се прилагоди на кој било програмски јазик, не бара никакво стручно знаење и значително ги надминува комерцијалните решенија. Нашите резултати покажуваат дека многу грешки направени од моделот можат лесно да се поправат или со додавање едноставни ограничувања на декодерот за да се обезбеди генерираните функции да се синтаксички точни или со користење на доделена архитектура“ велат развивачите на TransCoder

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top