Big Box Collection е веб сајт кој ќе ви покаже како изгледале порано кутиите за видео игри

Порано, видео игрите доаѓаа во огромни кутии. Беше вистинско доживување да се прави колекција од нив. Сега, размезени од предностите на дигиталната дистрибуција, големите кутии се вистинска реткост, првенствено резервирана за колекционерските изданија.

Доколку сакате да се навратите во времето и да видите во какви сè кутии биле испорачувани видео игрите, тогаш посетете го следниот сајт. Big Box Collection се одликува со над 650 кутии за видео игри. Секоја кутија е скенирана во 3D и може да се врти, зголемува или намалува. Во случај да сте гејмер подолго време, ве очекува интересно носталгично патување низ наслови како Aliens versus Predator, Baldur’s Gate, Diablo, Gothic, GTA III и многу други. На располагање имате и кутии за игри на Wii и Switch.

Секоја кутија можете да ја преземете во GIF форматот, или, пак, да ги преземете, испечатите и направите мали, мини верзии од нив.

Big Box Collection е направен од Бенџамин Винер. Човекот има и посебна листа од игри кои навистина би сакал да ги скенира и постави на вебсајтот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments