Google го намали рангот од пребарувањето на страната на својот прелистувач Chrome бидејќи се откри дека маркетинг агенцијата која била најмена да го промовира прелистувачот користела платени линкови и блог постови што е против Условите на користење на Google.
Откритието со манипулација на рангот на страните со цел да се истакне страната на Chrome беше откриена пред два-три дена од страна на Search Engine Land и SEO Book. Веднаш по нивните постови Google и Unruly Мedia, агенцијата која ја води кампањата, рекоа дека настанало грешка. Гигантот се рече дека никогаш не побарале ваков маркетинг, туку видео реклами, а агенцијата дека никогаш не побарале од платените блогери да линкаат до Chrome. Линковите во платените постови биле без „nofollow“ aтрибутот што значи „кровлерот“ на Google ги сметал за валидни линкови кои водат до страната за симнување на Chrome, со што и давал висок ранг на таа страна и ја истакнувал во резултатите.
Сега, главниот за спамот во Google, Мет Кунис, се изјасни дека како одговор на критиките за кампањата, ќе го намали ранкот на Chrome за најмалку 60 дена. По тој период некој од Chrome тимот ќе поднесе барање за да се разгледа документацијата за чистката, како што е пракса со било која друга компанија.
Ова значи дека ако сега пребарате „browser” во резултатите од Google нема да биде прикажан линк до Chrome.








