Прв поглед на Homepod од Apple

во Хардвер

Apple го претстави својот прв уред за управување со домот, паметниот звучник HomePod. Уредот не се разликува премногу од конкуренцијата, иако според квалитетот на звукот е далеку пред Amazon Echo и Google Home, пишува Verge.

Ова се однесува пред сè на звукот, кој е далеку пред конкуренцијата. Звучникот е подобар, но за жал, сѐ друго е полошо. На звучникот му недостасуваат голем дел од функционалностите кои ги има конкуренцијата.

И Amazon Echo и Google Home се попаметни, а со тоа и покорисни уреди. Дополнително, едно од ограничувањата е дека музиката доаѓа исклучиво од Apple Music што секако не е добра вест за корисник кој инвестирал во Spotify.

И Alexa и Google Now се подобри асистенти од Siri,  а тоа се забележува и на HomePod.

„Siri не може да вклучи ниту два тајмера истовремено“, констатирa Verge.

Асистентот не може да повика некој со гласовна команда или да побара некој рецепт за готвење. Единствено е корисна за менување музика, но и оваа функција доаѓа со огромен недостаток. Музиката е единствено од Apple Music. Ако помислите „тоа е ОК“, Apple ги чува своите производи, лоша вест е дека нема начин ниту за менување на канали на телевизорот. Alexa и Google Now можат да го направат ова на своите уреди.

Што ќе направи Apple во иднина навистина е тешко да се предвиди. Секако квалитетот на звукот е важен за звучник, дури и ако тој е паметен. Сепак, Amazon и Google се години пред Apple. Единствени корисници кои можеби би биле сосем задоволни од овој уред се корисниците на Apple Music, кои не поседуваат Apple TV. Но, сепак за 350 долари, треба да очекувате, а и да добиете повеќе.

Уредот е достапен во претпродажба, а официјално испораката започнува на 9 февруари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk