3 коментари 1 мин. читање

Биткоин падна под 6.000 долари, каде е дното?

Најпопуларната крипто валута биткоин, е вистински кошмар за луѓето кои инвестирале последнава недела. Крипто валутите се речиси во слободен пад од новогодишните празници. Дел од експертите имаат пооптимистичко гледање дека станува збор за корекција, но биткоин изгуби речиси 75% од својата вредност.

Најниската забележана цена според Coindesk е 5.947. Со оглед на тоа дека неколку банки од САД и Велика Британија забранија користење на кредитни картички за купување крипто валута, се чини дека нема да има брз скок нагоре.

Еве како изгледа споредбата на цената на криптовалутите:

  • Ethereum, 574 долари, од 1.255 долари
  • Bitcoin Cash, 766 долари од 4.091 долари
  • Litecoin, 107 долари од 366 долари
  • Bitcoin 5.947 од 19.000 долари

Причината за построга регулација на крипто валутите е поради неколку „почетни понуди на компании“ (ICO) кои ги измамија инвеститорите. Поради ова, властите во повеќе држави ги предупредија инвеститорите дека може да останат без своите пари, ако инвестираат кај измамници.

Во моментов цената на биткоин рипна на 7.300 долари. Дали крипто валутата ќе се задржи на оваа вредност не може да тврди никој.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top