(Дискутирајте за рецензијата на форумор на It.com.mk)
Кога станува збор за дизајн, функционалност и иновација на преносните компјутери Asus е една од ретките компании кои на ова поле не се плашат да претстават новитети кои се одлично прифатено од корисниците. Во ерата на ултрабук лаптопите и мултифункционални уреди Asus излезе со неколку свои продукти, меѓу кои е и првиот хибриден лаптоп со два диспелја со иста големина. За разлика од првиот ваков модел ASUS W5Fe кој на надворешната страна има мало екраначе кои служи за брзо проверување на имејл, менување на песна и слично, Asus TaiChi има два екрани со иста големина и со тоа е првиот 2-во-1 лаптоп и таблет компјутер.
Asus TaiChi доаѓа во две големини со 11,6 и 13,3-инчен екран. Ни е на тест го имаме најмладиот 11,6-инчен модел Asus TaiChi 21. Со затварање на горниот капак TaiChi се претвара во таблет.
Спецификации
- Процесор: Intel Core 7 3517U
- Оперативен систем: Windows 8 Pro х64
- Чипсет: Intel ® QS77 Express чипсет
- RAM меморија: DDR3 1600 MHz SDRAM, onboard меморија 4 GB
- Екран: внатрешен) 11.6 “16:9 Full HD (1920×1080) мат надворешен) 11,6” 16:9 Full HD (1920×1080) сјајни, до 10 прсти.
- Графичка: Intel HD Graphics 4000
- Storage: SATA III SSD 256GB RPM
- Камера: 2 камери. Во внатрешноста HD веб камера, надвор 5 MP автофокус 1080P
- Комуникации: 802.11 a / b / g / n, вграден Bluetooth ™ V4.0
- Интерфејси: 1 x COMBO мини приклучок, 2 x USB 3.0, 1 x микро HDMI, 1 x Мини VGA порт, 1 x аудио приклучок
- Звук: Bang & Olufsen ICEpower ®
- Батерија: 35 W h Polymer батерија до 5 часа
- Димензии: 30,66 x 19,93 x 1,74 cm
- Тежина: 1,25 кг
- Гаранција: 2 години интернационална
- Цена: 84.998 ден.
Пакување
Хибридниот лаптоп е спакуван во препознатлива Asus Ultrabook’s црна картонска кутија на која освен моделот нема ништо друго. Во кутијата покрај лаптопот има и полнач, упатство за користење, два адаптери за LAN и VGA, футрола за чување на ултрабукот како и електронско пенкало, сет од микрофибер крпче, менаџер за кабли и prestige card со посвета.
Како и кај сите ултробукави така и овде, поради неговите мали димензии е невозможно да се стави мрежен и VGA приклучок, тој проблем е решен со двата адаптери кои доаѓаат како додатна опрема. Лаптопот се напојува од полначот со Излез: 19 V DC, 1,75 А, 33 W и Влез: 100-240 V AC, 50/60 Hz.
Дизајн
Првичниот допир на куќиштето наликува како кај zenbook преносните компјутери. Taichi Ultrabook UX21 има метално куќиште од брусен алуминиум. Кога ќе се земе Taichi во рака ќе бидете приватно изненадени од неговата тежина која е нешто повеќе од 1 килограм.
Горниот капак е обложен со стакло, околу екранот има метална рамка со дебелина од околу 3 мм која го нагласува дисплејот. Бидејќи оваа надворешна површина е сјајна многу лесно се познаваат отпечатоци и се валка. Околу внатрешниот дисплеј има црна пластична мат рамка на која се наоѓа камерата на горниот дел и логото на Asus на долниот средишен дел.
Како и кај сите Ultrabooks надворешни интерфејс приклучоци е мал. На десната страка е копчето за вклучување на лап-топот кое функционира на лизгање, ова спречува ненамерно притискање на истото. До него е индикаторот за прикажување на модот во кој се наоќа лаптопот, следува Micro HDMI верзија 1.4, USB 3.0 како и приклучокот за полначот.
Левата страна е резервирана за 3.5mm-от комбиниран (слушалки/микрофон) конектор, USB 3.0 со поддршка за USB полнач, miniVGA, големо копче за контрола на звук и прекинувач за вклучување/исклучување на надворешнио дисплеј. Квалитетот на звукот е потврден од “Audio By Bang & Olutsen ICEpower“ како и кај останатите ultrabook-ови од оваа класа.
Копчињата на тастатурата се изработени од црна мат пластика која ја осветлува бело амбиент светло правејќи ја употреблива при секаква осветленост. Има три различни нивоа на осветленост.
Придвижувањето на курсерот се врши со мултитач тачпадот кој е лесен за навигација и поdдржува до 10 прсти. Сместен на средина на предниот дел и е физички одвоен од куќиштето.
Функционалност
Нешто што ни е поважно од дизајнот и физичкиот изглед, е секако функционалноста на лаптопот. Како што веќе спомнавме овој хибриден преносен компјутер има два дисплеја. Неговиот надворешен дисплеј кој е на допир е голем 11,6-инчи со резолуција од 1920×1080 пиксели, и е пријатен на допир без некакви потешкотии при секојдневното користење.
Благодарение на високата резолуција приказот на слика е богат и јасен, пиксели не се видливи. Совршено ја надополнува IPS матрицата која има голем агол на гледање.
На долниот дел се наоѓа “Start” копче кое служи за враќање на почетна страна. До него се наоѓа и 5 MP камера со сензор за аутофокус.
Екранот е обложен со негребливо Corning Fit стакло и поддржува и до 10 симултани допири. Користењето на TaiChi 21 како таблет остави само пријатни моменти, не земајќи ги во предвид брзото валкање на стаклото и отежнатата работа на 11,6-инчен екран на допир со резолуција од 1080p. Се е премало за користење со прст, но проблемот се решава со електронското пенкало кое доаѓа со лаптопот.
Префрлувањето од таблет во лаптоп е без тешкотии, капакот може да се отвари и со еден прст, а екранот автоматски се вклучува. Внатрешниот екран е исто така Full HD 1920×1080 пиксели, но не е на допир, со дијагонала од 11,6 инчи, и IPS мат матрица. Слика е чиста и боите јасни. Високата резолуција на мал екран и тука дојде до израз исто како и кај надворешниот екран, буквите се преситни и тешко видливи за секојдневна работа. Освен оваа забелешка се останато е изработено и функционира одлично.
Перформанси, софтвер, тестови
TaiChi доаѓа со лиценциран Windows 8 Pro x64bit и инсталирани стандардните Аsus алатки. Одлично избалансиран Windows 8 и SSD кој дава невероватни 4 секунди на стартување, и 2 секунди за вклучување од sleap модот. Оперативниот работи мазно без никакви проблеми.
Во телото на овој мал монструм се крие моќен Intel Core 7 3517U процесор, 256GB SSD, 4 GB RAM меморија и HD4000 графичка картичка, перформанси кои ветуваат многу при тестирањето.
Со притискање на специјално означеното копче на тастатурата се отвара специјално мени преку кое на лесен начин се вршат подесувања на лаптопот.
Преку ова мени исто така се менува режим на екранот. Постојат 4 режими: Лаптоп режим каде сликата се прикажува само на внатрешниот екран; Таблет каде сликата се прикажува само на надворешниот екран; Огледало каде сликата е иста за двата екрани и Под-екран каде внатрешниот е главен, а надоврешниот дополнителен екран.
Taichi 21 го тестиравме на препознатливиот начин со стандардните програми кои ги користиме при тестирање. Температурите се мерени додека лаптопот стартува програми и дедека е неактивен, односно во idle мод.
- As SSD
- CristalDiskMark
- 3DMark 11
- Unigane Benchmark
- Cinebench
- HWinfo
Стандардната фрекфенција на Intel Core i7 3517U е на 1900 MHz, а во TurboBoost достигнува до 3 GHz.
Графичката работи на стандардни 350/800MHz, не е оверклокувана.
При тестирањето забележавме дека кулерот за ладење на системот се вклучи некаде околу 60 степени. Просечната температура при минимална оптеретеност е околу 38 степени. Температурата пак при максимална оптеретеност достигна 80 стопени што и не е така занемарлива.
As SSD
Taichi доаќа со вграден SSD 256GB SunDisk. Перформансите на дискот лично не изненадија поради тоа што очекувавме далеку полоши резултати. Дискот во моментот на тестирањето е ~40% полн.
CristalDiskMark
Од овој тест се гледа брзината за читање и запишување на големи фајлови. Повторно дискот има добри резултати.
3DMark 11
Од Овој тест можеме да заклучиме дека дефинитивно графичката е „тесно грло“ на целиот лап-топ.
Unigane Benchmark
Тестиран при EXTREME и DX11 на 1080p.
Cinebench
Последниот тест е Cinebench од кој се гледа FPS на OpenGL.
Батеријата во нормална работа држи и до 6 часа, а при оптеретеност до ~2 часа што се доста добри бројки.
Заклучок
Комбинацијата на квалитетен материјал и интересен дизајн со одлични перформанси ќе си најде соодветен купувач. Со овој модел Asus презентира една нова генерација на гаџети кои се надеваме дека ќе најдат широка примена и ќе бидат одлично прифатени на пазарот. Малите димензии и тежина го прават одличен уред за секој кој патува, а воедно сака да биде во чекор со најновите технолошки достигнувања.
Позитивно
- Двоен IPS екран;
- Долго држење на батерија;
- Перфектен дизајн;
- Одлични перформанси;
- Мала тежина.
Негативно
- Превисока цена;
- Сјајниот надворешен екран многу лесно се замастува.
Огромна благодарност со Set компјутери кои ни дозволја да си поиграме и истестираме ваков хардвер.
So pari e?
Ultrabook-ov e perverzii