11 коментари 2 мин. читање

Google Nexus 4 пристигна во Македонија

Kонечно. Четвртата генерација на Nexus паметни телефони од Google, овојпат изработен од корејската компанија LG, пристигна во Македонија. Телефонот заедно со две поголеми верзии на Nexus таблет компјутери беше претставен при крајот на октомври, и еве по неколку месеци е дел од понудата на Vip.

Тоа што ги прави Nexus телефоните хит е што се изработени според препораките на Google, што е слична стратегија како таа на Apple кој сам си го произведува iPhone. Проблемот со Android во моментов е што е слободна платформа, ако може да се нарече така, достапна на други производители да ја фрагментираат платформата со разни ефтини, средни и скапи телефони кои или не се надградуваат редовно, или пак немаат перформанси да се надградат во најновата верзија на мобилниот ОС. Целта на Nexus уредите е да бидат пример и во право светло да ја претстават Android платформата на Google, односно да ги демонстрираат сите иновации на платформата спакувани со добро корисничко искуство.

Како и претходните Nexus што доаѓаа со најновата верзија на Android, и четворката доаѓа со Android 4.2, попозната како Jelly Bean. Има 4,7-инчен екран со 1280×768 резолуција, со 320 пикесли на инч. Има 1,5 GHz процесор со четири јадра и 2 GB RAM, predna 1,3 мегапиксели камера, и задна од 8 мегапиксели. Има две верзии од 8 и 16 GB, но во Vip е наведено дека го има само првиот. Цената на 8GB Nexus 4 е околу 30.000 денари за само телефон. Различна е според тарифите.

Погледнете ја одличната рецензија на уредот од Verge

[youtube]66-4uMQqerA[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top