Proxiad SEE организираше конференција на темата „Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината“, што се одржа на 17 декември во Жан Митрев Клиника. Овој настан беше наменет за експерти и практичари од областа на медицината, технологијата и дигиталната трансформација со цел дискусија и поставување нови гледишта за примената на дигиталните технологии во здравството. Конференцијата е уште еден пример за тоа како технологијата и медицината можат да се спојат за креирање на поефикасни, побрзи и поперсонализирани здравствени решенија. Настанот постави високи стандарди за идните чекори во дигитализацијата на медицинскиот сектор.
Една од главните презентации беше на Синиша Јовиќ, Biomedical Engineer во Proxiad SEE на тема: „Беспрекорна интеграција на податоци од медицински уреди: надминување на тековните предизвици“. Синиша зборуваше за важноста за имплементација на податоци во медицина, како наука која треба да се базира на податоци и факти. Тој го презентираше системот на кој работи Proxiad SEE – платформа која нуди безброј клинички решениjа преку која се постигнува највисоко ниво на интероперабилноста и отвори дискусија за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно биомедицинските инженери и можности кои тие ги креираат преку имплементација на ВИ модели.

Еден од говорниците беше и Миодраг Цекиќ, PhD, IWC R&D Lead кој зборуваше на тема: „Онкологија од следната генерација: Вештачка Интелигенција во Биоинженерството за персонализиран третман на колоректален карцином“. Неговиот пристап во истражувањето се базира на примена на AI во анализа и дизајнирање на персонализирани терапии.

Дејан Христовски, IT Lead Developer и раководител на ИТ одделот во Жан Митрев Клиника, го презентира нивниот пристап за дигитална трансформација и интеграција на податоците во клиниката, со нагласок на обезбедување на подобра ефикасност и точност во медицинскиот третман на пациентите.

Др. Горан Кунгуловски го затвори настанот со предавање на тема: „Користење на јавни биг-дата сетови за унапредување на скрининг методи и терапии во рак“. Презентираше начини за примена на големи податоци во унапредување на рано откривање и персонализирани терапии на рак.

Експертизата на Proxiad SEE во health tech се базира во развојот на дигитални решенија за медицинската индустрија, комбинирајќи напредни технологии со стратешка визија за подобрување на здравствените процеси. Компанијата е посветена на развој на софтвер за управување со медицински податоци, со фокус на безбедност и усогласеност со највисоките стандарди; интеграција на медицински уреди со модерни платформи за анализа и визуелизација на податоци; воведување на вештачка интелигенција во медицината, овозможувајќи персонализирана грижа и подобрување на клиничките резултати и мобилни и веб решенија за поддршка на пациентите и здравствените професионалци во секојдневните активности.
Health Tech подружницата на Proxiad SEE располага со тим од над 45 професионалци, вклучувајќи биомедицински инженери, софтверски инженери и експерти за валидација и верификација на медицински уреди кои се подготвени да ги исполнат специфичните потреби на своите клиенти во здравствениот сектор. Компанијата планира да го прошири својот тим за 20% во следната година, со цел да продолжи со развојот на иновативни решенија и да ги поддржи своите партнери во процесот на дигитална трансформација. Нивната мисија е да ја трансформираат медицината преку иновации, обезбедувајќи нови можности за пациенти, доктори и истражувачи.
