2 коментари 2 мин. читање 2 април, 2019

Проверете го наследникот на Winamp – WACUP

Повозрасните љубители на музиката, пријатно се сеќаваат на Winamp – единствената алатка која се користеше за репродукција на музички нумери, особено во деведесетите години. Иако пишувавме еднаш за носталгично слушање музика со WinАmp 5.8, овојпат го насочуваме вниманието на WACUP или the Winamp Community Update Project. На најновата верзија на Winamp напорно се работи и се планираат бројни модерни функции, но WACUP е целосно друга приказна. WACUP е верзија на Winamp која се развива од трети лица, a е заснована на старата 5.6666 верзија.

Од пред неколку месеци, добивме можност да ја провериме првата функционална верзија на оваа алатка. WACUP Preview верзијата 1.0.1.3276 е резултат на три годишна работа. Се одликува со бројни исправки како во стабилноста така и во безбедноста. Покрај подобри перформанси, WACUP нуди поддршка за Big Bento модерните скинови и плагини, како и подобрувања во лентата со команди и поддршката со медиа-форматите.

Преземете ја најновата верзија тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top