0 коментари 2 мин. читање 2 април, 2019

Washington Post е причината за следењето на електронските комуникации на Џеф Безос

Истрагата на безбедносниот експерт Гавин де Бекер покажува дека Саудиска Арабија е зад следењето на електронската комуникација на Џеф Безос.

Г. Де Бекер е долгогодишен соработник на основачот на Amazon и бил ангажиран од г. Безос да открие како сликите и комуникацијата од неговиот телефон стигнале до „National Enquirer“. Причина за истрагата е објавување на приватната комуникација помеѓу Џеф Безос и неговата љубовница Лорен Санчез. Основачот на Amazon тврди и дека откако ја започнал истрагата, сопственикот на „National Enquirer “ се обидел да го уцени да ја затворат. Ако не ја затворат, се заканувале со објавување на нови текст пораки и експлицитни фотографии.

Претходно се шпекулираше кои се причините поради кои некој би го следел г. Безос, но по сѐ изгледа сопственоста на „Washington Post“ е главна причина за ова. Засега е нејасно до кој степен напаѓачите од Саудиска Арабија имале пристап до податоците на г. Безос.

„Нaшите истражувачи и експерти со голема сигурност заклучија дека пристап до телефонот и до приватните податоци на Безос имале Саудијците“, вели г. Де Бекер.

Интересно, истрагата покажала дека крајна цел на следењето не е г. Безос, туку Washington Post. Медиумот критички кон властите во Саудиска Арабија го следеше убиството на колумнистот за Washington Post, Џамал Кашоги. Новинарот кој ги критикуваше властите во Саудиска Арабија беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Истрагата на г. Де Бекер покажала дека саудиските власти сакале да му наштетат на г. Безос.

Податоците од истрагата сега се во раце на властите во САД.

Целиот пост на Гавин де Бекер, заедно со многу повеќе детали е објавен во Daily Beast.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top