Проверете дали некоја Steam игра веќе е достапна на Xbox Games Pass

Xbox Game Pass info on Steam е екстензија за Google Chrome која ја препорачуваме само доколку сте PC и Xbox гејмер и сакате да имате подобра претстава за достапноста на играта на двете платформи. Имено, секој пат кога ќе наидете на некоја игра на Steam ќе добиете известување, во форма на зелен правоаголник, дали истата игра веќе е достапна на Xbox Games Pass. На тој начин, се избегнува шетањето и рачната проверка, а доколку некоја игра ја има на Xbox пропусницата, тогаш нема реална потреба да трошите пари на Steam и можете да го играте насловот на конзолата.

Сепак, Xbox Game Pass функционира како Netflix за игри и може да се случи некоја игра која е достапна сега да не биде достапна за некој месец. Паралелно со ова, доколку ви истече претплатата, нема да можете да играте никаква игра од нивната понуда. Поради тоа, во случај некоја игра да се продава со попуст на Steam, не е лошо да се направи брза проценка за тоа дали се исплати да се купи, или не.

Во случај да сакате подобро да се запознаете со предностите на Xbox Game Pass, напишавме детален текст тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments