0 коментари 1 мин. читање

Земајте и правете дигитални белешки со Evernote 10

Evernote е одамна докажана алатка за земање и правење белешки. Со неа, можете да зграпчите и сочувате најразлични содржини од и-мејлови, веб страни, како и да прикачувате фотографии, да пишувате најразлични идеи, да правите целосни организации на комплексни проекти и многу повеќе.

Evernote отсекогаш била блиску до врвот, веднаш до гигантите како Google Keep и OneNote. Како последен обид за зграпчување на тронот е излегувањето на десеттата верзија за чија изработка е почнато од почеток. Evernote сега има целосно нов и попрегледен интерфејс, дополнителни алатки за форматирање, мрачен режим, како и побрз процес на пребарување.

Секој пат кога ќе поставите содржина, алатката автоматски ја процесира, индексира и ја оспособува за целосно и побрзо пребарување. Скоро сите алатки во Evernote 10 се целосно преработени, но поради драстичните промени кои се наметнати од верзијата 10, некои алатки и можности недостасуваат и ќе бидат вметнати во идна прилика.

А, во случај да барате уште една интересна алтернатива на Evernote, прочитајте за TreeNote.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top