Проширена реалност 2.0, пореална од предходната

Неколку програмери на апликации, заедно со ARM, работат на уште попрецизна проширена (аугментирана) реалност од таа што досега сме навикнати. Оваа проширена реалност од следната генерација ќе го исцеди процесорот до последниот мегахерц за да ви понуди постабилна, побрза и пореална реалност. Сега можеби појасно станува зошто се потребни повеќејадрени процесори во мобилни уреди.

Оваа генерација на аугментирана реалност нуди големи можности во однос на игрите, кои со денешното ниво на аугментирана реалност најчесто не прогресираат над „благо забавни” нивото. Сега аугментираната реалност зависи од испринтани или нацртани маркери за да се ориентира во просторот, нешто што тотално ќе го заборавиме штом стане пософистицирана технологијата и софтверот за агументирана реалност каде што можее да очекуваме брза и ефикасна контекстуална ориентација базирана врз тоа што го гледа камерата, а не само врз база на жироскопот.

Можностите што аугментираната реалност ги нуди се многубројни, посебно ако земеме во предвид проширувањето на моќноста и пристапноста на очилата што нудат интеграција со аугментирана реалност како на пример следната генерација на екран очила на Vuzix. Еден ден нема да ви бидат потребни никакви упатства иако првпат се наоѓате во таа област, воедно информациите што се читаат преку екранот можат да се интерпретираат и да ви се прикажуваат информации за тоа што го гледате пребарани на интернет.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

EVER NEAR DOO Skopje

Software Support Specialist

Open Gi Grоup

Techical Lead

Support & Solutions Center Mk

Database Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk