0 коментари 2 мин. читање 6 февруари, 2012

Avid монтажа, сега и на iPad

Avid Technology, веќе добро познати меѓу тие што се занимаваат со видео монтажа или аудио продукција стануваат се посериозна конкуренција на iMovie на iPad, апликацијата за монтирање на видео што е направена од Apple. Дефинитивно Avid Studio ќе може да парира на iMovie со најавеното прецизно монтирање, нешто што iMovie не го прави нај успешно.

Покрај тоа, можете од Avid Studio може слободно да очекувате минимален кориснички интерфејс, поддршка за повеќе канално аудио и експортирање во висока резолуција покрај пониските. Можноста да се експортира проектот за да го продолжите директно во десктоп верзијата на Avid ја прави оваа апликација доста функционална. Можеби еден ден ќе го видиме iMovie апликацијата како експоритира проекти да се завршат во Final Cut X ако ја следи својата конкуренција внимателно.

Апликациите за монтирање видео стануваат се подобри како потребите на аматерите, а понекогаш и сериозните монтажери стануваат се повеќе насочени кон мобилна флексибилна монтажа. Можноста да влечете видео клипови и да ги манипулирате според вашите потреби станува многу природна интуитивна процедура на поголеми екрани за допир како iPad или други Tablet компјутери.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top